Се модернизира локалната патна мрежа

01.04.2010 14:37 | KumanovoNews

На подрачјето на месната заедница „Бајрам Шабани“ се  врши реконструкција на улицата „Димче Кранфиловски“. Улицата ќе добие асфалт во должина од 200 метри, а на тротарите веќе е поставен бетон.

Се модернизира локалната патна мрежа

 За реконструкција на оваа улица потрошени се околу 2 милиони и 400-тини илјади денари, изведувач на работите е фирмата „Маврово-инженеринг„. За неколку дена комлетно ќе бидат завршени градежните работи на оваа улица. Овој проект е продолжение на програмата за реконструкција на улици во централното градко подрачје, која беше изгласана на Седница на Советот во месец декември - вели секретарот Оливер Спасовски.

    Согласно програмата во наредниот период треба да ја модернизира локалната патна мрежа и да се изврши реконструкција на повеќе улици во градон и приградските населби.

-Општината е во план да реализира уште околу петнаесетина проекти меѓу кои се и изградбата на улицата „Ѓорче Петров„, почнувајки од м.в.„Магаза„ до Светиниколскиот пат, ул.„Бранко Радичевиќ„,ул.„40„ во населбата Карпош,а ќе се асфалтира и пат во должина од 1 километар од  училиште во населбата Иго Тричковиќ до селото Тромеѓа. Населбата „Гладно поле„ ќе добие канализација,водоводна мрежа и нов асфалтен пат и низа други проекти ќе бидат опфатени со програмата - додава Спасовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk