Се најавува враќање на полицискиот час од 22 до 5 во Куманово

08.06.2020 09:50 | KumanovoNews

Комисијата за заразни болести ќе и препорача на Владата повторно да го врати полицискиот час.

Се најавува враќање на полицискиот час од 22 до 5 во Куманово

Новиот период за забрането движење треба да биде од 22 часот до 5 часот наутро за сите критични места кои имаат голем број случаи на вирусот Ковид-19, објавува порталот СДК.МК.

Тоа моментално се општините Скопје, Тетово, Штип и Куманово, за другите градови во државата не се препорачуваат рестрикции.

Овој предлог пред се` е за ограничувањето на движењето на младите, кои се собираат во големи групи по парковите и градските кејови. Најголем дел од сендвичарите и пекарите работат доцна во ноќта, по 22 часот.

Се очекува денешните бројки да не бидат драматично различни во однос на претходните денови.  

Најмногу активни случаи има во Скопје – 658, па следува Куманово со 140, Штип со 136 и Тетово со 119.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk