Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 од полноќ се намалува за 1,50 денари, а на еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,00 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на еуросупер БС 95 ќе биде 83,00 денари, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 85,50, еуродизел БС (Д-Е V) за 73,00, а екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 72,50 денари за литар.
За 0,306 денари поевтинува мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 42,629 денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk