Се намалува водостојот на реките

11.03.2016 10:58 | KumanovoNews

 Опаѓа нивото на водата во реките Пчиња и Крива река.

Се намалува водостојот на реките

Според директорот на Водостопанство „Кумановско-липковско поле„ Филип Филиповски, водостојот на реките е намален за околу еден метар.

„Водата се повлекува во коритата иако сеуште надоаѓа поголема вода од вообичаеното од планинските подрачја. Доколку нема нови врнежи ќе се намали опасноста од нови поплави„- вели Фипиповски, кој е на терен во обиколка на поплавените подрачја.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk