Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За зимско одржување на улици ќе се потрошат 13 милиони денари, што е за 4 милиони денари помалку од планираното.
Оваа корекција се прави поради ребаланс на буџетот на општина Куманово за 2014 година. Од секторот за урбанизам велат дека овие средства ќе бидат доволни за одржување на улиците во зимскиот период.
“Зимската сезона почнува од 15 ноември и трае до 15 март. Временските прогнози покажуваат дека нема да има некои обилни врнежи од снег и затоа мора да префрлиме средства за 2015 година, што е логично. Тендерот е завршен и се изберени фирмите “Катинг“ од Скопје и “Копи инженеринг“ од Куманово. Двете фирми прават подготовки и од понеделник ќе појдеме во контрола за да видиме дали е се во ред“ - вели Момчило Јовановски, помошник раководител во сектор за урбанизам во општина Куманово.
Пред почетокот на сезоната се набавени 100 тони сол за расчистување на улиците од снег.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk