Се напиле на слава, па се изболе со нож

23.11.2012 12:17 | KumanovoNews

 Три лица се повредени на семејна слава во Куманово, откако гостите се напиле и се степале со ножеви.

Се напиле на слава, па се изболе со нож

Тепачката се случила во семејна куќа на Д.К.(58) на улицата „Милан Лисица„, спроти основното училиште „Толи Зордумис„. Додека седеле на славата дошло до расправија помеѓу Љ.Т. (36) и А.М. (26). За кратко време расправијата прераснала во жестока тепачка, во која М.М.(26) со нож му нанел убодна рана на Љ.Т.(36) во пределот на стомакот,  по што повредениот му го одзел ножот и му нанел расекотина на М.М. во пределот на вратот.

  Домаќинката се обидела да му го земе ножот на Љ.Т., при што и таа е расечена на дланката и подлактицата.

 На сите тројца во Општа болница Куманово им е укажана помош, а Љ.Т е задржан на лекување и е надвор од животна опасност.

СВР Куманово заедно со кривична пријава до Основно јавно обвинителство Куманово ќе го спроведе лицето М.М. од Куманово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело„убиство во обид„.

М.М., и претходно кривично е гонет заради тешки кражби.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk