Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во притворското одделение на Казнено поправната установа Куманово – затвор Кшање се обесило лице осудено на доживотен затвор.
Станува збор за Усеин Рашидов од Кочани, кој пред една година ја уби Танкица Младеновска од Кочани.
Безживотното тело, врзано со чаршаф за креветот, вчера го пронашле неговите двајца цимери во притворската келија кога станале од спиење, по што пријавиле кај стражарската служба.
„Во 6 часот до командирот е пријавено дека е пронајден починат У.Р, кој си го одзел животот со бесење. Веднаш е повикана Брза помош, при што лекар констатирал смрт кај лицето. Известени се сите надлежни институции, МВР, ОЈО Куманово, извршен е увид на лице место, а телото е предадено на обдукција“, изјави Ненад Цветковиќ, директор на КПУ Куманово-затвор Кшање.
Пресудата за доживотоен затвор на Рашидов стигнала на 9 мај, но се уште не била правосилна, поради што бил во притвор.
Пред дваесетина дена, во истото притворско одделение се обеси и шеесет и седумгодишниот Д. Ѓ. од кумановското село Габреш, осомничен за двојно убиството и обид за убиство. И тој бил пронајден мртов откако со чаршаф се врзал за кревет на кат, додека во притворската келија имало уште еден притвореник кој спиел.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk