Сe обидел да изнесе 4.500 евра од државата

26.04.2016 09:30 | KumanovoNews

Царинските службеници одзеле 2.500 евра од македонски државјанин, кога со автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце, автопат.

Сe обидел да изнесе 4.500 евра од државата

Во предниот џеб од фармерките на возачот се пронајдени 4.500 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок ќе биде поведена соодветна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk