Се обидела да го убие сопругот со шрафцигер, па го однела на лекар

07.04.2017 11:09 | KumanovoNews

 Полицијата поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ. поради основано сомнение дека сторила кривично дело убиство во обид со шрафцигер.

Се обидела да го убие сопругот со шрафцигер, па го однела на лекар

 Напдаот се случил во вторникот, кога жената со шрафцигер, со еден удар во пределот на градите, се обидела да го лиши од живот нејзиниот сопруг од селото Конопница, а потоа го однела во Здравствен Дом во Крива Паланка, да му укажат лекарска помош.

По извршениот преглед, а поради сериозноста на повредата, сопругот бил префрлен во Клинички центар Мајка Тереза-Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk