Се обновува железничката линија Скопје - Куманово

05.02.2025 15:05 | KumanovoNews

Од денеска повторно ќе се обнови железничката линија Скопје - Куманово, која пред 2,5 години беше прекината бидејќи нема доволно машини и возачи. Денеска во 16.30 часот тргнува првиот воз за Куманово и воз ќе има два пати дневно. 

 

Се обновува железничката линија Скопје - Куманово

„Денеска тргнува првиот воз од Скопје до Куманово. Тоа го ветивме на отворањето на железничката пруга Куманово - Бељаковце и еве од денеска во 16 часот и 30 минути ќе тргне првиот воз. Патувањето ќе трае 41 минута, два пати дневно ќе оперира и тоа наутро во 6 и 30 ќе тргнува од Куманово и истиот воз назад ќе се враќа кон Куманово. Ќе имаме 4 возoви дневно со што ќе се согласите многу ќе ја олесни комуникацијата меѓу двата града и жителите на Скопје и Куманово ќе имаат можност полесно да доаѓаат дали за работа, дали за образование, за здравство или за било што друго. Тоа ќе го намали загадувањето, ќе ја намали гужвата и најважно од се граѓаните ќе знаат точно кога ќе пристигнат со цел да си ги завршуваат своите работи на време. Исто така во одредени денови возот ќе оди и до Бељаковце, а од следната година кога ќе се изгради пругата до Крива Паланка ќе оперира и до Крива Паланка ”- истакна вицепремиерот Николоски.  

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk