Се обновуваат документи за субвенции за вода и смет

18.03.2014 13:06 | KumanovoNews

Семејствата кои користат субвенции за сметките за вода и смет од Општината, деновиве ги обновуваат документите.

Се обновуваат документи за субвенции за вода и смет

Досега 80 проценти од корисниците ја завршиле обврската, а останатите тоа треба да го сторат во најкараток можен рок.

Задолжително за стечајните работници е да ги има на список на здружението на стечајни работници кој тие ни го доставуваат на 6 месеци, потврда од биро дека се невработени, сметка за вода и ѓубре од 2014 година и фотокопија од лична карта за подетална евиденција. Социјалците треба да донесат фотокопија од лична карта, сметка за вода и ѓубре и да ги има задолжително во списокот кој го земаме од Центар за социјални работи Куманово на 6 месеци. За слепите лица одговорно е Здружение за слепи лица - вели Милош Станојковиќ, соработник во Општина Куманово.

На овие категории граѓани Општина Куманово им покрива сметки за вода до 900 денари и сметки за ѓубрарина до 300 денари, а се што е повеќе од овие суми тие сами доплаќаат.

Субвенции за сметки користат над 800 социјалци, над 550 стечајци и 60 слепи лица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk