Се очекуваат обилни врнежи од дожд

25.03.2015 09:40 | KumanovoNews

Обилни врнежи од дожд до 20 литри на метар квадратен се очекува да наврнат денеска, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.

Се очекуваат обилни врнежи од дожд

Врнежливото време проследено со грмежи и ветер ќе потрае и во наредните денови.

“Под влијание на циклонска активност во  Медитеранот, до сабота ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд. Во четврток и петок пообилни врнежи ќе има на повеќе  места, а локално ќе бидат и со пороен карактер,  проследени со грмежи. Во овие два дена  се очекува на места да наврнат и над 30 л/м2. Врнежи од снег ќе има на повисоките планини, а потоа само на највисоките планински врвови“ - вели Лена Јовановска, дежурен синоптичар во УХМР.

Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен ветер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk