Се одбележува Европската недела на имунизација

24.04.2015 08:50 | KumanovoNews

Мобилни екипи од Здравствен дом и Центарот за јавно здравје Куманово, деновиве на терен ги вакцинираат децата во липковскиот крај и на територија на општина Старо Нагоричане.

Се одбележува Европската недела на имунизација

Овие активности се прават во рамки на Европската недела на имунизација, која ќе трае до 25 месецов, а со цел да им се олесни пристапот до вакцинација на децата од руралните места. Мотото на Европската недела на имунизација е “Спречи, заштити, вакцинирај“. Акцентот е ставен на деца кои не се евидентирани, за да можат навреме да се вакцинираат.

“Во Куманово опфатот на вакцинирани деца се движи до 95 отсто. Незначително отстапување има кај последната доза од дифтерија, тетанус, и голема чашлица на четиригодишна возраст. Родителите како да забораваат дека мора да се прими оваа доза, но тука сме ние да ги потсетиме“ - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центар за јавно здравје Куманово.

Петте мобилни екипи покрај вакцинација, прават и систематски прегледи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk