Се одбележува Неделата за грижа на старите лица

17.11.2014 14:41 | KumanovoNews

Домот за стари лица “Зафир Сајто“ со различни активности ќе ја одбележи Неделата за грижа на старите лица, која трае од 17 до 21 ноември.

Се одбележува Неделата за грижа на старите лица

Неделата за грижа на стари лица оваа година е под мотото “Информирајте се за вашите права од социјална и здравствена заштита“.

“Активистите на Општински Црвен Крст утре во 11 часот ќе ги посетат корисниците во Домот. Во среда во 11 часот членките од ЛДП ќе ги посетат старите. Во четврток во 10.30 часот со своја програма во Домот ќе гостува Друштвото на писатели од градот. Во петок во 19 часот, по повод Неделата за грижа на старите, пригодна програма ќе има и фолклорното друштво “Срма“ - вели Џемаљедин Неџипи, директор на Дом за сатри лица “Зафир Сајто“.

Во знакот на одбележувањето на Неделата за грижа на стари лица, денеска пензионерите ја изведоа кабаретната претстава “У кафанче карши Станче“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk