Се одбележува Неделата за промоција на хумани вредности

22.09.2014 09:01 | KumanovoNews

Црвен Крст Куманово, во сабота во 12 часот, на Градскиот плоштад ќе организира танц “флеш моб“.

Се одбележува Неделата за промоција на хумани вредности

 Со оваа манифестација ќе се одбележи Неделата за промоција на хумани вредности, која трае од 21 до 27 септември.

“Ќе учествуваат 40 до 50 волонтери кои веќе имаат подготвено кореографија. Со овој настан ќе испратат порака за мир и толеранција“ - вели Сања Голубовска, координатор на волонтери во Црвен Крст.

Неделата за промоција на хумани вредности секоја година се одбележува на различен начин.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk