Се оддржа натпреварот “Млади библиотекари“

15.10.2013 13:25 | KumanovoNews

 Во градската библиотека “Тане Георгиевски“ денеска се оддржа натпреварот “Млади библиотекари“ на кој учествуваат ученици од основните училишта во градот.

Се оддржа натпреварот “Млади библиотекари“

Станува збор за традиционален општински натпревар кој библиотеката го организира веќе 11 години. Се е тоа  во рамки на големата манифестација “Месецот на книгата“ која започнува од денеска и трае до 15 ноември во целата земја. Во тој период правиме многу активности со намера да ја популаризираме книгата, да биде таа подостапна до корисниците, читателите, корисниците на фондовите на библиотеката - вели Нада Ивановска, директор на библиотеката “Тане Георгиевски“.

Во текот на “Месецот на книгата“ ќе бидат организирани промоции на книги.

Најдобриот  од „Млади библиотекари“ ќе учествува на државен натпревар во Неготино.

Победниците ќе бидат познати попладнево.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk