Се оддржа обука за е - даноци

13.11.2013 14:36 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска се оддржа обука за е - даноци.

Се оддржа обука за е - даноци

На учесниците им беше посочено дека до крајот на годинава сите даночни обврзници кои изготвуваат даночни извештаи и биланси треба да бидат регистрирани во системот е - даноци.

Досега регистрација извршија месечните и тримесечните ДДВ обврзници, а согласно закон до 31 декември 2013 година треба да се вклучат и годишните ДДВ обврзници. Со регистрација во системот на е - даноци се врши електронско поднесување на пријави. Обуки на оваа тема имаше неколкупати лани и годината пред тоа - вели Стефан Симоновски, самостоен даночен советник во УЈП.

На обуката присуствуваа вработени во  сметководствени и книговодствени бироа и самостојни вршители на дејност.

                                                      (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk