Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради лошите временски услови, наместо вечерва, “Рома труба фест“ ќе се одржи во среда на 10 септември.
На 9 - те по ред дувачки средби на оркестрите од Македонија, кумановци ќе уживаат во музиката на Ферус Мустафов и македонската ѕвезда Татијана Стефановска.
Ќе настапат и гостите од Србија, оркестар “Бојан Ристиќ“ од Владичин Хан, “Милан Доња Николиќ„ од Грделица и “Синиша Станковиќ“ од Загужање. Ревијално ќе се претстават оркестрите “Агушеви Џамбо“ и “Млади Агушеви“ од Струмица, “Уска Кан Кантуров“ од Берово и “Сергин Дурмишев“ од Штип.
“Рома труба фест 2014“ го организира ансамбал на народни ромски игри и песни “Рушит Шакир“ под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово, а со поддршка од Министерството за култура.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk