Се одржа акцијата “Здравје за сите“

24.10.2014 09:56 | KumanovoNews

Медицинска екипа од Здравствен дом Куманово денеска на на граѓаните им мереше притисок и шеќер во крвта, платото пред на Центарот за култура.

Се одржа акцијата “Здравје за сите“

Овие активности се дел од акцијата “Здравје за сите“ која се спроведува подолг временски период.

“Досега се прегледани над 15 луѓе од различни возрасти. Некои имаат проблеми во висок крвен притисок и зголемена телесна тежина. Им даваме совети доколку треба да се јават на матичен лекар, во врска со исхрана ако треба на нешто да внимаваат“ - вели Сузана Атанасовска, општ лекар во Здравствен дом Куманово.

Повозрасните граѓани ја искористија можноста за бесплатно мерење на шеќер и притисок.

„Многу ретко одам на лекар, а треба почесто. Овие акции се добри за граѓаните. Немам проблеми ниту со притисок, ниту со шеќер, но сепак не е на одмет да се направи проверка“- кажа еден од граѓаните Момчило Костадиновски.

Акцијата “Здравје за сите“ ја организира Министерството за здравство за да им се излезе во пресрет на граѓаните со бесплатни превентивни прегледи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk