Се одржа Црвениот ноемвриски марш низ кумановските улица

09.11.2014 14:34 | KumanovoNews

Над илјада кумановци денеска излегоа на Црвениот ноемвриски марш, што по повод 70 години од ослободувањето на Куманово го организираше општинската организација на СДСМ.

Се одржа Црвениот ноемвриски марш низ кумановските улица

Маршот го предводеа: функционери од централното и општинското раковоство на СДСМ, градоначалникот, приствуваа и коалиционите партнери.

 Денеска го организираме првиот Ноемвриски марш, каде со дефилирање низ улиците на централното градско подрачје ќе оддадеме почит на нашите предци, кои се избориле за слобода, и ни оставија аманет да се бориме за една поинаква слобода во современото општество. Тоа е по достоинствен живот во 21-виот век. При тоа да ве повикам да се приклучите во редовите на СДСМ, да бидеме голема опозиција која ќе се спротивстави на режимот. Нашето семејство се зголемува, затоа верувајте во Социјалдемократскиот сојуз и во опозицијата, - рече Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово.

Протестот започна од пред зградата на поранешен Комитет, па продолжи по улиците „Ленинова„, „Доне Божинов„ „Гоце Делчев„, Трета МУБ и Народна Револуција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk