Се одржа Фестивалот на народни ромски игри и песни во Куманово

15.05.2018 09:18 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ викендов се одржа 17. Фолклорен фестивал на народни ромски игри и песни „Јекипе-Единство 2018 Куманово“.

Се одржа Фестивалот на народни ромски игри и песни во Куманово

Организатор на концертот е Ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ од Куманово, а на присутните се обрати претседателот Самет Салиевски.

„Ова е единствениот ромски фестивал во државата и една од постарите манифестации за припадниците на ромската заедница. Горду сум што упеавме да ја одржиме традицијата и задоволен сум од изборот на годинешниве учесници. Сите дадоа се од себе да се претстават во најдобро светло и посетителите уживаа во програмата“, - изјави Салиевски.

Тој додаде дека локалната самоуправа Куманово е една од ретките во државата која дава целосна подршка за развој и унапредување на културата на етничките заедници, меѓу кои и на ромската култура, што не е случај во другите општини.   

 Присутните ги поздрави и министерот без ресор Аксел Ахмедовски и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Фестивалот го отвори Мартија Станојковиќ, по што настапија културно-уметничките друштва: „Рушит Шакир“, „Шукарипе“ Кочани, „СРМА“ Куманово, „Тернипе“ Битола, „Јекипе“ Велес, „Тернипе“ Делчево.

 Манифестацијата е финансиски помогната од Советот на Општина Куманово и Министерството за култура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk