Се одржа годинешната Тортијада

13.12.2010 12:18 | KumanovoNews

Викендов во Куманово по петнесети пат се одржа традиционалната манифестација „Тортијада„ во организација на женската невладина организација „Мајка„.

Се одржа годинешната Тортијада

 Тортијадата беше организирана во  ресторанот Браќа Линка, а учество земаа 7 наши сограѓанки со свои торти, како и слаткарниците Рафаело и Симона. Манифестацијата беше од ревијален карактер, а сретствата од продадените торти ќе се употребат во хуманитарни цели. Традиционалната манифестација беше посетена од голем број наши сограѓанки, кои уживаа во културно-уметничката програма.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk