Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесетина жени од СДСМ денеска учествуваа на хуманитарната акција „Дарувај од срце„, која ја организираше Форумот на жени.
Помошта во облека, обувки и кебиња беше однесена во Црвениот крст, по што ќе биде дарувана на ранливите категории граѓани.
„Со оваа помош се надеваме дека ќе ги стоплиме срцата, во овие студени денови, на оние граѓани на кои им е најпотребно.Навистина ова се скромни донации, меѓутоа се дадени од срце и веруваме дека ќе внесат малку радост во семејствата, - изјави Атина Мургашанска, претседателка на Форумот на жени.
Таа додаде дека ова нема да е последна акција и доколку има потреба секогаш се подготвени да помогнат на граѓаните на кои им е неопходна помош.
Хуманитарната акција „Дарувај од срце„ СДСМ ја организира истовремено во сите градови во државата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk