Се одржа манифестацијата „Бајловски средби“

03.10.2016 14:20 | KumanovoNews

Манифестацијата „Бајловски средби“ по осми пат вчера се одржа во селото Бајловце, во организација на Здружението Козјачија во срцето.

Се одржа манифестацијата „Бајловски средби“

Во присуство на голем број гости од регионот и домаќини од селото, беа изведена богата културно уметничка програма и обичаи од бајловскиот крај.

„Имаше натпревар во селски спортски игри, како и натпревар за најдобра баница на жените од Бајловце и од Куманово. Во културно -забавната програма учество зедоа КУД „Срма“, КУД „Ѓоко Симоновски“ и КУД „Српски вез“ од Старо Нагоричане, Ансаблот Кратовски Тамбураши, жени од женската организација Нада Михајлова, - изјави Зоран Бојковски, претседател на Козјачија во срцето.

Централно место во програмата зазеде демонстрацијата на старата Бајловско-козјачката свадба во изведба на КУД „Ѓоко Симоновски“ и КУД „Срма“ од Куманово.При тоа беа презентирани свадбените обичаи од минатото од овој крај. Манифестацијата заврши со општо народна веселба и заедничко дружење на присутните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk