Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Невладината организација „Коло на српските сестри“ ја организираше манифестацијата Цветници, по повод Цветната недела пред големиот христијански празник Велигден.
Проектор предвидува реализација на три активности: садење на цвеќе во клонот Бубамара на детската градинка во Куманово, изработка на венчиња од учениците за Лазарева сабота, а средношколците се натпреваруваа во аранжирање на икебани.
„Православните празници недоволно ги одбележуваме, си забораваме на културата, традицијата, обичаите и тоа не поттикна да го направиме ова. Завршната манифестација е изработка на икебани, требаше да биде вчера, но поради затворениот простор во недела го направивме ден покасно. Намерата беше да има продажен карактер, а средствата се наменети за хуманитарни цели“, истакна Живка Христовска, членка на здружението.
Прво место освои Лела Радичевска, ученик во „Перо Наков“, вторите места им припаднаа на Леонтина Цветановска од „Наце Буѓони“ и Ален Милковски од Гимназија „Гоце Делчев“, а на трето место се пласираа Илина Станковиќ и Милица Пешиќ, двете од средното училиште „Киро Бурназ“.
На настанот присуствуваа професори од основните и средните училишта чии ученици учествуваа во манифестацијата, членки на организацијата и челници на општинската администрација.
„Чест и задоволство е да присуствувам на ваков убав настан, празникот Цветници е толку убав, а самиот цвет само по себе е уметност. А со децата кои имаат креативен набој, манифестацијата добива уште повеличенствен карактер, има толку убави христијански празници, на овој начин најубаво е да ги прославиме“, ги поздрави учесниците и пртисутните претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска.
Овој проект е поддржа од Општина Куманово, преку Програмата за културни манифестации со 20.000 денари.
„Коло на српските сестри“ планира манифестацијата да прерасне во традиционална и се надеваат и на понатамошна поддршка од локалната самоуправа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk