Се одржа манифестацијата „Велигден-ист, на различен начин“

18.04.2023 15:14 | Оливера Пешевска

Изложба на велигденски јајца и промоција на литературни творби посветени на големиот христијански празник Велигден, беа дел од манифестацијата „Велигден-ист, на различен начин“ во организација на Здружението „Живот“ од Куманово.

Се одржа манифестацијата „Велигден-ист, на различен начин“

Манифестацијата се организира втора година по ред, а учество зедоа ученици од основни и средни училишта од Куманово, Ранковце, Конче и Македонска Каменица, невладини организации и граѓани.

„Целта е да ја зачуваме нашата традиција и да им овозможиме на младите да ја пренесуваат понатаму од генерација на генерација. Велигден ги истакнува токму највозвишените човекови вредности љубов, мир, меѓусебно почитување, разбирање и помагање. Должност на секој од нас е да ги почитуваме и пренесуваме на идните генерации“, изјави Благица Гавриловска Цветковиќ,од Здружението Живот.

Манифестацијата ја отвори и присутните ги поздрави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

„Треба да бидеме горди на сопствената традиција, затоа треба да ја негуваме и почитуваме и да ја пренесема на идните генерации. Во Куманово денеска го одбележуваме најголемиот христијански празник токму во духот на традицијата. Уште поголемо е задоволството да се води град кој што има мултикултурен карактер“, кажа Димитриевски.

Поради временските прилики настанот се одржа во Занаетчискиот дом, во присуство на поголем број на гости од градот и соседните општини, амбасадори.

Манифестацијата беше збогатена со пригодна културно-уметничка програма на учениците од основните училишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk