Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод празникот на жената, денеска во Куманово се одржа марш за родова рамноправност.
Дваесетина жени претставнички на невладини организации, прошетаа низ центарот на градот со цел да ја анимираат јавноста, пред се младите за разликите во еднаквоста меѓу мажите и жените.
Дел од пораките се однесуваат на право на еднакво платена работа, учество во јавниот живот и политиката, 40 градоначалнички места наместо 4, 13 министерски места, наместо две, на еднакво учество во распределба на функциите коишто сега се на ниско ниво од 14 проценти во државните и јавните власти од кои 10 проценти се директорки на градинки, основни училишта. Тоа покажува дека жените се предодредени да се грижат за семејството и домашните обврски што не е лошо, што нам жените ни е гордност, но треба да оствуваме и својата друга општествена, социјална и економска обврска во општеството и да бидат на рамноправно ниво со мажите, - изјави Оливера Доцевска, организаторка на маршот.
Иницијатор за одржување на маршот е организацијата Јустиција и се одржува втор пат по ред.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk