Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 130 производители на органска храна од Србија, Бугарија, Црна Гора, Косово, БиХ, Унгарија, Албанија и Македонија се претставија на годинешниов Меѓународниот саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ во Куманово.
Посетителите имаа несекојдневна можност на едно место да дегустираат или да купат слатка, зимница, вина, сокови, млечни и месни производи, мед, органска козметика, семиња, од индивидуални производители или специјализирани фирми и здруженија.
Саемот по четврти пат го организира Комората на органски производители и здружението „Живот“ Куманово,
кои што велат дека интересот за учество секоја година расте, а учесниците освен храна изложуваат и опрема и репроматерјали.
„Оваа манифестација започна како една идеја да ги вмрежиме органските производители, индивидуални земјоделци кои не беа познати за пошироката јавност, меѓутоа од година во година се вмрежуваат, работат заедно и веќе постигнуваат резултати“, изјави претседателката на здружението „Живот“, Благица Гавриловска Цветковиќ.
Учесниците на саемот велат дека свеста на граѓаните за купување на органски производи се уште не е на нивото како во европските држави, но тие се надеваат дека токму преку ваквите саеми и манифестации ќе промовираат придобивките и ќе зголеми интересот за овие производи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk