Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во средното училиште „Наце Буѓони“ во Куманово викендов се одржа натпревар со учениците од средните училишта во Куманово на тема „Научи – положи - биди одговорен, кажи стоп на сообраќајните незгоди“.
„На натпреварот се пријавени вкупно 320 ученици, од кои на првиот дел од натпреварот, кој беше спроведен електронски, учествуваа 160 ученици од трета и четврта година од средните училишта. Најдобрите 33 ученици се пласираа во финалето“, соопшти СВР Куманово.
Вториот дел од натпреварот ќе се одржи на 20. април со учество на останатите 160 ученици, а финалниот дел и доделување на дипломи, благодарници и ваучери за најуспешните ќе се одржи на 27.април во СОУ „Наце Буѓони“, кое е домаќин на овој натпреварот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk