Се одржа општинскиот противпожарен квиз

16.11.2016 12:57 | KumanovoNews

Учениците од основното училиште „Крсте Мисирков„ и членовите на ДПД „Перо Чичо„ се победници на годинешниов општински противпожарен квиз, кој денеска се одржа во гимназијата „Гоце Делчев„.

Се одржа општинскиот противпожарен квиз

Победниците ќе го претставуваат нашиот град на регионалниот натпревар, кој ќе се одржи на 26 ноември во Куманово.

-Денеска се оджа 32-иот по ред општински-противпожарен квиз натпревар на кој учествуваа ученици од екипи на каденти од основните училишта и категорија на јуниори од четирите средни училишта. Учениците покажаа знаење од областа на противпожарна заштита на отворен простор и на урбани средини. Децата се сериозни и секоја година покажуваат одлични резултати, - изјави Часлав Јовановиќ, секретар на Противпожарен сојуз Куманово.

На натпреварот не учествуваа само учниците од основните училиште „Толи Зордумис„ и „Магдалена Антова„.

Квиз-натпреварот го организира Сојузот за противпожарна заштита на РМ, а државниот натпревар ќе се одржи во Кавадарци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk