Се одржа отворен ден во училиштето „11 Октомври“

23.04.2024 09:03 | Оливера Пешевска

Во ООУ „11 Октомври“ од Куманово вчера се одржа отворен ден, посветен за родителите и учениците  кои треба да се запишат во прво одделение. Целта беше да се запознаат сo наставниците, начинот на работа и капацитетите што ги има училиштето.

Се одржа отворен ден во училиштето „11 Октомври“

Во организација на настанoт учествуваа поранешни ученици – музичари, уметници, лекари, професори.

„Нашите сегашни ученици и наставниците се претставија со нивни изработки и ги вклучија гостите - дечињата од Градинката „Ангел Шајче“ и сите други кои се одѕваа на нашиот повик, наши идни ученици. Се заблагодарувам за големиот интерес на родителите и дечињата, како и на сите заинтересирани посетители. Со гордост и радост ве очекуваме во нашето училиште“, истакна директорката Драгица Спасиќ.

Во активностите на отворениот ден се приклучија и посетителите, а на крај беа наградени со симболични слатки подароци.

Спасиќ ги повика родителите кои не присуствуваат на организираниот настан да ги посетата кога ќе имаат време. 

Уписот за идните првооделенци започнува на 1 мај и ќе трае до крајот на месецот. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk