Се одржа панел дискусија за родова еднаквост

08.12.2016 10:12 | KumanovoNews

Во рамките на проектот "Youth Voice Macedonia" (Гласот на младите) во Центарот за Култура "Трајко Прокопиев" се одржа панел дискусија на тема „Родова еднаквост„ на која дебатираа млади луѓе од општите Куманово и Липково.

Се одржа панел дискусија за родова еднаквост

„Пред еден месец во рамките на овој проект организиравме спортски настан во спортската сала во Слупчане, на кој присуствуваа речиси 100 млади луѓе. Она што тогаш го забележавме на самиот настан е дека отсуствува учество на припадничките на понежниот пол. Решивме да превземеме нешто околу тоа и за таа цел организиравме натпревар во пишување есеј во средните училишта во Липково на тема „Родова еднаквост„. По овој наш повик ни пристигнаа повеќе од 20 есеи за кои можам да кажам дека беа исклучително квалитетни и задираа суштински прашања за оваа проблематика, -соопштуваат од ЦИД.

 Целта е преку писмено изразување и панел дискусија да се подигне свеста за родовата еднаквост како клучен елемент на едно современо општество. По завршувањето на активностите ќе се изработи документ кој ќе се испрати во институциите во Липково.

Во проектот "Youth Voice Macedonia" се опфатени техничкото училиште „Наце Буѓони„, гимназија „Гоце Делчев„ и по едно училиште од Липково и Старо Нагоричане. Целта на проeктот е младите да се стекнат со знаења и вештини како и на кој начин да лобираат пред институциите за потребите што нив ги тангираат, како и за промовирање на човековите права низ призма на младите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk