Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бетка Пешевска (37) од Младо Нагоричане ја освои првата награда на годинешнава кулинарска манифестација „Пивтијада 2017„, што по повод празникот Богојавление-Водици, се одржа во ресторанот Грација во Куманово.
На натпреварувањето учествуваа 15 натпреварувачки, а стручно жири го оценуваше вкусот и квалитетот на пивтиите.
„Првпат учествувам и пријатно сум изненадена од одлуката на жири комисијата. За да се направи вкусна пивтија, прво треба дименото месо убаво да се измие а потоа и убаво да се свари. По мојот рецепт 20 години ги приготвувам пивтиите без никакви адитиви„, - изјави Пешевска.
Манифестацијата ја организира здружението на граѓани мултимедијален центар „Карпино“, 15 години по ред.
И оваа година достоинствено го прославуваме големиот христијански празник Богојавление-Водици, се дружиме и пренесуваме позитивна енергија- изјави Павловски.
Покрај кулинарскиот дел, традиционално беше извршено примо-предавање на кумството. Досегашниот кум Драган Чунгурски го предаде кумството на членовите на мото-клубот „Мечки„.
„Со големо задоволство го преземаме кумството. Посакуваме многу здравје на нашите членови и на сите други граѓани, а останатото е од Господ, - изјави новиот кум Јовица Гиновски, претседател на мото-клубот „Мечки„.
Домаќините подготвија околу 200 чинии пивтии, кои беа поделени на гостите, а дел ќе бидат донирани на децата со посебни потреби и на социјално загрозени семејства.
Во културно-забавниот дел настапи оркестарот на КУД „Панче Пешев“ и Мартија Станојковиќ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk