Се одржа првото рочиште за случајот Милошевски

06.07.2015 15:17 | KumanovoNews

Започна судењето на Живко Бојковски од Куманово, возачот на џипот кој е обвинет дека ја предизвика сообраќајната несреќа на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, во која животот го загуби познатиот голман и директор на фудбалската репрезентација Петар Милошевски.

Се одржа првото рочиште за случајот Милошевски

Во Oсновниот суд Куманово, денеска обвинетиот Бојковски  се бранеше дека дека не се чувствува виновен и не го прифаќа обвинението.

Јас се произнесов дека за ништо не сум виновен. Со загинатиот лично се познавав и многу ми е жал за него, - изјави Бојковски по судењето.

На судењето беа сослушани и двајца сведоци, кои критичниот момент биле во возилото, кое го управувал Илчо Георгиоски. Тие во своите изјави го опишаа случувањата пред несреќата, но и двајцата тврдеа не се сеќаваат на монетот кога се случил судирот на возилата.

Мислам дека ќе докажеме дека обвинетиот не е виновен за оваа сообраќајна несреќа, можеби допринел за настанување на одередни последици меѓутоа главен виновник по наше мислење е возачот на пежото 508 ,- изјави Љупчо Веселиновски, бранител на обвинетиот.

Сообраќајната несреќа во која загина Милошевски се случи на 12 март минатата година, кога службенопто пежо на ФФМ се судри со џипот. Од ударот пежото излетало од патот и се превртело, при што Милошевски смртно страдал.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk