Се одржа шаховски турнир за ученици од основните и средни училишта

19.08.2023 19:31 | Оливера Пешевска

Во организација на Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво, синоќа на платото пред Центарот за култура во Куманово се одржа шаховски турнир за учениците од основните и средните училишта. 

Се одржа шаховски турнир за ученици од основните и средни училишта

 Напреварите се одвиваа и во машка и во женска конкуренција.

„Натпреварите имаа за цел младите да се тргнат од штетните влијанија и употреба на социјалните мрежи, од ризиците за девијатни појави, кражби, тепачки, насилство, употреба на опојни дроги. Намерата е младите да се вклучат во игра, забава, спортување и меѓусебно дружење“, истакна Лиле Младеновска, претседателка на ОСПДП и инспектор по превенција во СВР Куманово.

Ваквите активности ќе се организираат и во наредниот период, со отпочнувањето на учебната година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk