Се одржа традиционалната „Пивтијада“

19.01.2016 14:59 | KumanovoNews

Пензионерката Милка Милошевска ја приготви најдобрата и највкусна пивтија на традиционалната манифестација Пивтијада што 14 пат ја организира здружението Карпино од Куманово.

Се одржа традиционалната „Пивтијада“

На натпреварувањето учествуваа десетина кумановки, а на Милошевска и е прв пат.

За пивтии си треба квалитетно месо, буткица и свински нозе. Покрај тоа што ние не ги сакаме тие се најбитни за добри пивтии,- изјави Милошевска.

 

Според жири комисијата при изборот на најдобрата сметка покрај вкусот и квалитетот се водела сметка и за целокупниот аранжман и декорација на зимскиот специјалитет.

Да е добар соодносот меѓу водата и местото, проѕирност на пивтијата, да е бистра, да нема маснотии одозгора, соодносот на лукот и солта, да се компактни и целокупниот аранжман на пивтијата, - изјави Зоран Павловски, претседател на Мултимедијален центар „Карпино“.

На манифестацијата беше предадено и кумството. Нов кум е Драган Чунгурски, а минатогодишен Христијан Георгиевски.

Огромна чест и задоволство е да се присуствува на ваква градска манифестација, особено во својство на кум, им посакувам на сите Македонци многу бериќет оваа година, кумството очекувам да ми донесе многу среќа и љубов,- изјави Чунгурски.

Кумството ми донесе среќа  и успех и на професионален и на приватен план,- изјави Георгиевски.

Традиционално „Пивтијадата“ е поддржана и од локалната самоуправа.

Вашето масовно присуство покажува дека православието ви е пред се, ви посакувам многу среќа, здравје, - изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Манифестацијата секоја година е се помасовна, а здружението ќе настојува во иднина „Пивтијада“ да добие меѓународен карактер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk