Се одржа трибина за превенција и лекување на дијабетесот

18.11.2015 11:09 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа се одржа трибина на тема “Дијабетес-превенција и лекување“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ општински комитет Куманово.

Се одржа трибина за превенција и лекување на дијабетесот

Трибината е по повод 14-ти Ноември - Меѓународниот ден на дијабетесот, а пред присутните за болеста говореше Миомир Панковски, интернист од Центар за јавно здравје од Куманово. Панковски објаснуваше кои се разликите помеѓу тип 1 и тип 2 дијабетес и дека симптомите кои траат подолго време укажуваат на дијабетес.

Симптоми се пиење на вода, често мокрење, зголемен апетит, постојано да е гладен. Сите симптоми ако ги почувствува човек, ако траат некој период ќе види дека нешто не е во ред како порано и тоа го тера да оди на лекар. Лекарот прво што прави е го праќа во лабараторија, се прави шеќер на глад. Пациентот со диета, со пиење на таблети, со инсулин  може да го доведе шеќерот во ред - вели Панковски.

На присутните по завршувањето на трибината од страна на медицинско лице им беше проверено нивото на шеќерот во крвта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk