Се одржаа Поткозјачките литературни средби 2020

21.12.2020 10:33 | KumanovoNews

Се одржа традиционалната книжевна манифестација Поткозјачки литературни средби 2020, Куманово.

Се одржаа Поткозјачките литературни средби 2020

Поради ситуацијата со пандемијата, во недела,  средбите беа одржани виртуелно.

Со свои творби настапија Виолета Николовска, Даниела Андоновска-Трајковска, Елена Пренџова, Игор Трпчески, Ирена Јурчева, Катерина Гогова, Марина Мијаковска, Оливера Доцевска, Славчо Ковилоски, Снежaна Стојчевска и Снежана Петрова, како и пејачката Мартија. На годинешнава манифестација обраќање имаше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој го нагласи значењето на вакви средби и за Општината и за државата, - соопштуваат организаторите.

Поткозјачките литературни средби, една од најстарите книжевни средби во државава, се обновија пред три години, под покровителство на Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk