Се одржаа спортски натпревари под мото „Црвен крст за подобро мултикултурно општество“

19.04.2018 11:23 | KumanovoNews

 Волонтерите на општинската организација на Црвен крст Куманово во рамки на проектот ЦКА ПХВ организираа спортски настан под мото “Црвен крст за подобро мултикултурно општество” кој се оджа на спортските терени во склоп на ОСТУ “Наце Буѓони”.

Се одржаа спортски натпревари под мото „Црвен крст за подобро мултикултурно општество“

На настанот учествуваа претставници од клубот на млади од македонска и албанска група како и претставници од невладините  Центар за интеркултурен дијалог (CID ), Мултикулти и  Разбуди се од Куманово.

- Учесниците се натпреваруваа во неколку атлетски дисциплини, играа фудбал и кошарка. Победниците од сите натпреварувања освен благодарници добија и маички со логото на проектот. Црвен крст Куманово како и сите учесници и невладини организации со организација на овој настан дадоа јасна порака дека сите заедно може да допринесеме многу повеќе во градење на подобро и поуспешно мултикултурно општество, - соопштуваат од Црвен крст.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk