Се огласи братот на возачот што го прегази Алмир

04.07.2016 20:02 | KumanovoNews

Бојан Илиќ, братот на возачот што го прегази детето вечерва на неговиот ФБ профил излезе со своја верзија за настанот што се случил минатата недела, додека тој и брат му Бобан биле во колата со која е прегазено 4 годишното дете и неговите родители пред Здравствениот дом во Куманово.

Се огласи братот на возачот што го прегази Алмир

„Јас сум братот на возачот, оној што го вадат од возилото на снимката. Не нападнаа за глупости...Влеговме во кола ни дотрчаа 3-4 Албанци ни ја скршија шофершајбната со боксачи ( веднаш повикавме полиција). Ние побегнавме, но завршивме во слепа улица. Продолжија да не бркаат околу 20 Албанци со ножеви, боксачи и слично. Брат ми за да ги избегне удри во ѕид, за жал, тука било детето, ние неможевме да видиме ништо зошто ни е скршена шофершајбната и бевме испаничени. Јас не знам каков човек напаѓа луѓе со цел да ги тепа/убие пред сопственото дете за банална расправија, поради ред во болница и со тоа го доведува во опасност... И дали тие навистина се жртви? Јас имам 5 посекотини од нож, повеќепати сум удрен со тврд предмет по глава и телото. Против никој од напаѓачите не е поднесена кривична пријава уште и се организираат протести и го нарекуваат брат ми терорист, кој сакаше само да избега и да се спаси... Навистина е греота за детето и ние жалиме ама како вие би реагирале да се најдете во ваква ситуација и да ви е загрозен вашиот живот и животот на вашата фамилија? Во сите медиуми пишува како ние сме ги чекале да ги згазиме, никој не ја напиша вистината што навистина се случи, - напиша Бојан.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk