Се опремуваат новите избирачки места

26.03.2014 14:25 | KumanovoNews

Државната изборна комисија интензивно работи на создавање услови на 39-те нови избирачки места во Куманово, каде граѓаните ќе гласаат на престојните претседателски и парлементарни избори.

Се опремуваат новите избирачки места

Дел од новите избирачки места ќе бидат сместени и во приватни објекти се со цел на едно гласачко место да нема повеќе од илјада гласачи.

Одиме на терен и контролираме дали се обезбедени материјално - технички услови за спроведување на гласачкиот процес. Контактираме со месните заедници,кои ни помагаат исто како и директорите на училиштата, бидејќи најмногу се гласа во школите. Контактираме и со Општинска изборна комисија се со цел работата да се заврши навреме - вели Момчило Димковски, раководител на ДИК Куманово.

Во меѓувреме граѓаните имаат уште 5 работни дена да проверат дали ги има во избирачкиот список за парлементарните избори. Во вториот рок за увид, 45 граѓани провериле дали се во избирачки список, додека 4 барања се поднесени за промени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk