Се отсипуваат ученици од „11 Октомври„

15.09.2010 15:02 | KumanovoNews

 Триесетина ученици од ромската заедница не ја започнаа новата учебна година во основно училиште „11 Октомври„.

Се отсипуваат ученици од „11 Октомври„

 15 од нив доставиле изјави потпишани од нивните родители дека змаинуваат во странство, а другата група немаат никакво објаснување зошто не доаѓаат на училиште.

Не знаеме која е причината за отсуството на овие ученици.Се претпоствува дека едните заминаа поради економаската ситуација на работа во западно-европските држави.Но, имаме и такви кои не можеме да ги контактираме за да добиеме информации што се случува со нив. Во групата отсустни ученици-Роми се од сите одделенија од прво до осмо.За овој проблем известени се надлежните институции - информира  Круне Младеновски, директор на ОУ „11 Октомври„.

Инаку според реонизација на учениците  намногу ученици Роми има во ова училиште. Оваа година во прво оддление се запишале 40 првачиња од кои повеќе од половината се Ромчиња. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk