Се отстранува склонопадното дрво на „Октомвриска“ (видео)

21.11.2023 11:27 | Сузана Николиќ

Екипа на ЈП „Чистота и зеленило“ утринава започна со отстранување на сувото дрво на „Октомвриска револуција“ во Куманово, за кое граѓаните пријавија дека има опасност да падне.

Се отстранува склонопадното дрво на „Октомвриска“ (видео)

„По извршената проценка утврдивме дека дрвото е склонопадано и ги известивме во СВР Куманово, па откако добивме одобрени и нивна асистенција, денеска пристапивме кон сечење на дрвото. Обезбедивме корпа и дополнителна опрема и екипите работат на терен. Дрвото навистина претставуваше опасност за околината, како за безбедноста на луѓето, така и за имотот. На местото на ова дрво ќе засадиме нови три нови садници“, кажа  Даниел Стојчевски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“.

Минатата недела на истата локација падна дрво високо десетина метри, при што повреди едно лице, а оштети деловен објект. 

Тогаш од месната заедница „Панче Пешев“ посочија дека има опасност да падне уште едно дрво ако не се интервенира навреме. Надлежните ја прифатија забелешката.

Од „Чистота“ велат дека отстранувањето на исушеното дрво не било во нивната програма, но сепак ја завршиле работата заради безбедноста на граѓаните. Додека траеше акцијата улицата кон зградите беше затворена за сообраќај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk