Се отвораат базените и хотелите – ќе работат по посебни протоколи

16.06.2020 17:19 | KumanovoNews

Владата донесе одлука за отворање на базените, кои ќе работат само за пливачките клубови со соодветен протокол.

Се отвораат базените и хотелите – ќе работат по посебни протоколи

На почетокот базените ќе можат да се користат само за регистрираните пливачи, а рекреативното пливање нема да биде дозволено.

 На владината седница е донесен и Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

„Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на КОВИД-19“, - објави Владата


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk