Се отвори изложбата “Бесконечност“

06.09.2013 09:48 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа се отвори изложбата  насловена како “Бесконечност“ на ликовниот уметник Симона Јакимовска од Куманово.

Се отвори изложбата “Бесконечност“

Изложбата се состои од 24 уметнички дела, половина цртежи, половина графики. Истражувам на тема бесконечност. Се трудам да се докажам, до некаде тоа зависи од уметникот - вели Јакимовска.

Изложбата ја отвори нејзиниот професор Игор Шокаровски кој  смета дека оваа изложба треба да ги мотивира младите кои сакаат да се занимаваат со уметност.

Ова е покана за сите млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со уметност без разлика дали се од Скопје, Куманово, од некој друг град во провинција можности има. Ова е покана за младите уметници. Уметниците треба да бидат похрабри и да ги покажат својата енергија и идеи како што тоа го направи Симона - изјави универзитетскиот професор Шокаровски.

Јакимовска има 23 години, а ова е нејзин втор самостоен проект. Таа завршила Факултет за ликовни уметности во Скопје - отсек графика, а моментално подготвува магистратура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk