Се почесто се пали сува трева

26.07.2013 13:21 | KumanovoNews

Општинската противпожарна единица неделава најмногу работа имала при гаснење запалена сува трева на повеќе локации во кумановско и липковско.

Се почесто се пали сува трева

Пожарникарите интервенирале во селата Романовце, Алешевце, Лојане, како и населбите Ајдучка Чешма, Бејтови ниви, Говедарски пат, Банево Трло, Карпош, Багрем Бања и други. Во населбата Карпош огнот се проширил и на помошен објект.

Најмногу интервенции има за запалена сува трева покрај патиштата и во населени места. Пожарот се предизвикува од невнимание на граѓаните и фрлање на опушок. Затоа апелираме до граѓаните да бидат претпазливи особено поради високите температури- велат пожарникарите.

Откако заврши жетвата во полето се почесто земјоделците ги палат стрништата. Досега во еден случај било гаснето стрниште, но од противпожарната единица апелираат сопствениците на нивите да се воздржат од такви активности.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk