Се подготвува стратегија за социјална инклузија на млади и жени

08.02.2017 22:36 | KumanovoNews

Конференција за креирање на локална стратегија за социјална инклузија на млади и жени во рамки на проектот „Македонска активна платформа за социјална инклузија -МАПСИ, организираше Здружението на жени „Сирма“ од Куманово.

Се подготвува стратегија за социјална инклузија на млади и жени

Целта на МАПСИ е да се создадат 18 локални стратегии, кои значително ќе го подобрат статусот на ранливи категотии на лица и преку предвидување на одредени мерки и активности ќе го подобрат животниот стандард на оваа група граѓани во општината каде што живејат.

„Што ќе содржат локалните стратегии ќе зависи од локалните чинители, односно од луѓето кои ќе ја прават стратегијата.Тие ќе ги излистаат проблемите во локалната заедница, во овој случај во општина Куманово и ќе ги презентираат на трите работилници. Во изготвување ќе бидат вклучени луѓе од невладините организации, институциите, локалната самоуправа, МВР, СУД, новинарите и др. Откако ќе ги слушнеме сите мислења ќе ја оформиме локалната стратегија, а и ние имаме свои приоритети кои ќе ги предложиме, - изјави кординаторката на проектот Татјана Крстевска од Сирма.

Стратегијата ќе биде доставена до Советот на општината, и доколку се усвои ќе се работи на нејзина имплементација во локалната самоуправа.

На конференцијата присуствуваше и претседателот на Советот Александар Арсиќ, кој даде подршка на работата на невладините организации и изрази надеж дека до крајот на мандатот овој Совет ќе го усвои предложениот документ.

Проектот е поддржан од ЕУ со средства на ИПА компонентата за развој на човечки ресурси, а се спроведува од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи и Македонско женско лоби од Скопје, а локален партнер е здружение на жени Сирма од Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk