Се подобрила исплатата на К-15

08.01.2016 16:25 | KumanovoNews

Од регионалниот синдикат Куманово оценуваат дека оваа година се подобрила исплатата на К-15, и сè уште кај нив немало поплаки во врска со исплата на к-15.

Се подобрила исплатата на К-15

Во фирмите воглавно е исплатено к-15 и немало реакции дека работниците ги враќаат парите во фирмата.

Мислам дека од оваа година работодавачите го почитуваат законот, затоа што можат и со намален износ да исплаќаат регрес за годишен одмор во договор со претставник на синдикат, каде што има синдикални организации и претставник на работници каде што не се синдикално организирани. Онаму каде што се синдикално организирани, наидуваат на поголемо разбирање во која висина треба работодавачот да го исплати, отколку каде што има само претставник и може да има манипулации. Лани имаше поплаки и јавна тајна беше дека работниците го враќаат, меѓутоа оваа година овој проблем е надминат во некој процент - вели Миле Спасовски, секретар во регионален синдикат Куманово.

Спасовски додава дека оваа година има интерес за зачленување во синдикат и кај работниците и кај работодавците, а со дел од нив се во преговори за зачленување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk