Се поплочуваат три улици во градот

05.04.2016 14:12 | KumanovoNews

 Се поплочуваат со бекатон плочки улиците „Крушевска република“, „Боро Прцан“ и „Сава Ковачевиќ“.

Се поплочуваат три улици во градот

Според заменик раководителот во Секторот за урбанизам, Момчило Јовановски вкупната површина на трите улици изнесува околу 1800 метри квадратни.

„Во тек се активности на терен. Се вади калдрмата и се рамни површината, по што ќе се постават плочките. Очекуваме работите да завршат за 15-тина дена, - вели Јовановски.

Поплочувањето на овие улици е дел од програмата за санација и одржување на улиците во општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk