Се поправа платото пред Центарот за култура

07.06.2018 10:33 | KumanovoNews

 Започна санација на дел од платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово.

Се поправа платото пред Центарот за култура

Според директорот Сашо Тодоровски, градежните работи опфаќаат замена на скршените мермерните плочки и изградба на пристапна рампа за лицата со пореченост.

„Се што е употребливо ќе извади и повторно ќе се употреби, а скршените плочи ќе се заменат со нови.  Реконструкцијата ќе ја извршиме со средства од Центарот за култура“, - изјави директорот Тодоровски.

Со санација на платото ќе се подобри естетскиот дел на влезот на установата, но ќе се подобрат и пристапните услови. Санацијата треба да заврши до утре.

Во текот на наредниот период директорот најавува реновирање и во   внатрешноста на  Центарот за култура.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk